Љупче Дориев не запира. Македонскиот интернационалец повторно беше човекот на одлука за Согдиана, носејќи ѝ нови три бода на својата екипа во натпреварот од 16. коло на првенството на Узбекистан.
Во дуелот против Андијан, Дориев го постигна единствениот гол на мечот во 77. минута, со што ја обезбеди победата од 1-0. Благодарение на овој триумф, Согдиана прави важен чекор кон мирна завршница на сезоната и се оддалечува од долниот дел на табелата.
За македонскиот офанзивец ова беше веќе 12. погодок во актуелната сезона, со што убедливо е прв стрелец во узбекистанската елита.
Од натпревар во натпревар Дориев потврдува дека се наоѓа во одлична форма, а неговата голгетерска серија е еден од главните адути на Согдиана во борбата за што подобар пласман.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













