Истра на својот стадион „Алдо Дросина“ приреди големо изненадување победувајќи го Динамо Загреб со убедливи 3-0. Оваа победа овозможи Истра да се искачи на шестото место на табелата, додека Динамо остана на третата позиција, со осум поени заостанување зад лидерот, Хајдук.
Овој пораз уште повеќе ги намалува шансите на Динамо да се вклучи во борбата за титулата, а до крајот на сезоната остануваат уште осум кола.
По натпреварот, тренерот на Динамо, Фабио Канаваро, се соочи со прашања за можен отказ.
„Тоа не е прашање за мене, тоа е прашање за управата“, одговори Италијанецот.
Иако призна дека тимот не успеал, нагласи дека играчите се свесни за своите грешки.
„Мораме да им се извиниме на навивачите, бидејќи вака не можеме да играме. Како да се плашевме да играме. Не сме стабилни, правиме исти грешки и примаме голови на ист начин“, изјави Канаваро.
Тој исто така напомена дека се повторуваат истите проблеми, иако е трет тренер во Динамо оваа сезона.
„Не е готово до самиот крај. Изгубивме, но утре повторно излегуваме на терен и продолжуваме да работиме. Мораме да се бориме до последното коло. Ние сме Динамо, одговорноста ни е да се бориме до крај“, потенцираше Фабио Канаваро по дебаклот од Истра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













