Connect with us

Нотингем Форест за раздели со Џеси Лингард и со уште петмина фудбалери

Нотингем Форест објави дека ослободува шест играчи од својот состав. Сите се со истечен договор и нема да им бидат понудени нови договори. Помеѓу заминувањата е и до неодамна англискиот репрезентативец Џеси Лингард, кој минатото лето дојде во тимот на слободен трансфер.


30-годишниот Лингард има два гола и две асистенции на три натпревари во Лига Купот, но не беше вклучен во ниту една гол-ситуација на 17 натпревари во Премиер – лигата што ги одигра.

Покрај Лингард, Нотингем се раздели и со напаѓачите Андре Ајев и Лајл Тејлор, играчите од средниот ред Кафу и Џек Колбак, како и со голманот Џордан Смит.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови