Connect with us

Нотингем Форест сака да го доведе Тијани Рејндерс од Манчестер Сити

Тијани Рејндерс би можел да го напушти Манчестер Сити по само една сезона, откако за него сериозен интерес покажува Нотингем Форест. Според „Дејли Мејл“, холандскиот репрезентативец е отворен за преселба во клуб каде што би имал поголема улога и гарантирана минутажа.

Манчестер Сити го ангажираше Рејндерс минатото лето од Милан за 46,5 милиони фунти. Иако запиша 47 настапи во сите натпреварувања, значителен дел од нив ги започна од клупата за резерви.

„Граѓаните“ во меѓувреме веќе го доведоа Елиот Андерсон за рекордни 116 милиони фунти, а се во напредни преговори со Лил за Ајуб Буади. Поради тоа, клубот од „Етихад“ е подготвен да го продаде Рејндерс доколку пристигне понуда од околу 60 милиони фунти, што би значело и финансиска заработка од неговиот трансфер.

За услугите на поранешната ѕвезда на Милан интерес покажуваше и Атлетико Мадрид, но високата цена го одврати шпанскиот клуб. Претходно и Њукасл беше поврзуван со холандскиот играч за врска.

Во меѓувреме, Нотингем Форест продолжува да работи на трансферот на дефанзивецот Осман Диоманде од Спортинг Лисабон, а клубот останува меѓу заинтересираните тимови за напаѓачот на Челси, Лијам Делап.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови