Нотингем Форест ја одби и втората понуда на Манчестер Сити за својот играч од средниот ред Елиот Андерсон, пренесуваат британските медиуми.
Понудата изнесувала 106 милиони фунти фиксно, плус дополнителни 15 милиони фунти преку бонуси. Сепак, „шумарите“ инсистираат гарантираниот износ да биде поголем од 120 милиони фунти.
Во клубот се надеваат дека ќе го продадат англискиот репрезентативец за рекордна сума за фудбалер на неговата позиција, надминувајќи ги трансферите на Деклан Рајс во Арсенал, како и Моисес Каиседо и Енцо Фернандес во Челси.
Друга опција за Манчестер Сити е играчот за врска на Њукасл, Сандро Тонали, кој исто така се наоѓа на листата на желби на клубот.
Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед се откажа од интересот за Елиот Андерсон и го насочи вниманието кон Матеус Фернандеш од Вест Хем и Алекс Скот од Борнмут.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













