Connect with us

Норвежаните и вторпат ја нокаутираа Италија за пласман на СП

Норвешка по долг период ќе се врати на мундијалската карта, завршувајќи ја мисијата со маестрални осум победи на осум меча. Пласманот беше заверен со убедлива победа на гостински терен против Италија со убедливи 1-4.

Италија знаеше дека мора да слави со најмалку девет гола разлика ако сака да ја прекокне Норвешка на табелата. Еспозито даде гол во раната фаза од мечот, но гостите потоа рутински се бранеа, а во второто полувреме направија целосен пресврт.

Нуса го израмни резултатот, а потоа Халанд двапати стрелаше прецизно, по што Ларсен во судиското продолжение го запечати историскиот успех.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови