Connect with us

Нојер неизвесен за дербито со Борусија Дортмунд

Ветеранот Мануел Нојер е на чекор од враќање во составот на Баерн Минхен, но тренерот Венсан Компани сè уште не може со сигурност да потврди дали ќе биде подготвен за саботното дерби против Борусија Дортмунд во Бундес-лигата.

Компани открива дека 39-годишниот голман закрепнал побрзо од очекуваното од повредата на листот, но конечната одлука ќе биде донесена непосредно пред натпреварот.

„Може да тренира со нас, а потоа повторно ќе разговараме пред мечот. Сè оди во позитивна насока, но можеби нема да биде подготвен за настап. Во контакт сме со Ману, но доколку не е 100% спремен, ќе брани Јонас Урбиг, кој секогаш одлично го заменувал“, изјави Компани.

Саботното дерби би можело да биде и последно во кариерата на Нојер против главниот ривал, доколку не го продолжи договорот со Баерн по сезоната.

Минхенскиот клуб влегува во дуелот со осум бода предност пред Дортмунд, а победата на гостински терен би го приближила тимот значително кон титулата, десет кола пред крајот на шампионатот. Баерн нема пораз на овој стадион од 2018 година.

„‘Дер Класикер‘ е титула сама по себе. Овие мечеви имаат посебна тежина и заслужуваат сопствен трофеј. Тоа се натпревари поради кои се игра фудбал. Не е Дортмунд против било кого, туку Дортмунд против Баерн. Во мојата глава постои само победа. Можноста да славиме таму е најголем предизвик за мене“, додаде белгискиот стратег.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови