Заминувањето на Кристофер Нкунку од Челси летово станува сè поверојатно. Францускиот офанзивец сака поголема минутажа, а за него веќе постои интерес од неколку водечки европски клубови, меѓу кои и германскиот шампион Баерн Минхен.
„Сините“ од Лондон се отворени за разделба со Нкунку и уште од јануари се подготвени да сослушаат понуди.
Според „Спорт Билд“, Нкунку има позитивен став за евентуално враќање во Бундеслигата како играч на Баерн. Неговиот агент Пини Захави одржува редовна комуникација со баварскиот клуб и знае дека неговиот клиент може да биде сериозна алтернатива доколку Баерн не успее да ги реализира своите примарни трансфер цели.
Се смета дека Челси би прифатил понуда од околу 40 милиони евра.
Во моментов, приоритет за Баерн е доведувањето на Луис Дијаз од Ливерпул, додека како втора опција се спомнува Белгиецот Малик Фофана од Олимпик Лион.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













