Рахим Стерлинг ќе игра во холандската Ередивизие, откако како слободен агент стави потпис на договор со Феенорд до крајот на сезоната.
Искусниот 31-годишен напаѓач неодамна се раздели со Челси по взаемна согласност и од 25 мај 2025 година нема официјален настап. И покрај тоа, интересот за неговите услуги не изостана, во игра беа Тотенхем, Наполи и Унион Берлин, но холандскиот клуб беше најконкретен.
Задоволството од трансферот го истакна и тренерот Робин ван Перси, кој смета дека ангажманот на Стерлинг претставува значително засилување.
„Станува збор за врвен играч со огромно искуство. Неговите квалитети се неспорни и тој е фудбалер кој може да направи разлика во клучните моменти. Верувам дека ќе ни помогне во исполнувањето на целите во продолжението од сезоната“, порача Ван Перси.
Со доаѓањето на Стерлинг, Феенорд добива проверено име со богато меѓународно искуство, кое треба да внесе свежина и дополнителна офанзивна моќ во тимот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













