Францускиот фудбалски клуб Ница и тренерот Франк Ез договориле спогодбен раскин на соработката по 18 месеци, пренесуваат француските медиуми.
Тренерот дополнително беше под притисок поради лошите резултати и инцидентите по натпреварот со Лориен, кога играчите Терем Мофи, Жереми Бога и спортскиот директор Флориан Морис беа нападнати од незадоволни навивачи.
Одлуката доаѓа по новиот инцидент во неделата навечер, иако тимот делумно ја стабилизираше формата со победата против Сент Етјен во Купот на Франција. Новите челници на клубот, Жан-Пјер Ривер и Морис Коен, се договориле со Ез да ја прекинат соработката, пренесува францускиот весник „Л’Екип“.
За негов наследник, клубот ја разгледува можноста за враќање на Клод Пуел (64), кој веќе го водеше Ница од 2012 до 2016 година, со Жилиен Сабле, актуелен директор на младинскиот центар, како помошник. Пуел ќе има задача да го обедини тимот кој веќе девет натпревари во Лига 1 не знае за победа.
Франк Ез на клупата на Ница забележал 25 победи и 31 пораз на 70 натпревари, оставајќи го тимот на 13. место во француската лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













