Connect with us

Николов: Шериф е најголемото изненадување во историјата на ЛШ, а ми велеа…не оди во Молдавија

Шериф е најголемото изненадување во фудбалска Европа откако успеа да го победи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во Лигата на шампионите. Во овој тим настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов, кој наголемо дава интервјуа во регионот по големиот успех на тимот.


„Без лажна скромност, ова е најголемото изненадување во историјата на Лигата на шампионите. Имав среќа да стапнам на тревата на „Сантијаго Бернабеу“ во последните минути. Како дете навивав за Реал Мадрид, почнав да играм фудбал поради генерацијата на Зидан и другите ‘Галактикоси’. Плачев кога губеа. Кога играш ваков натпревар, знаеш дека си успеал во фудбалот”, вели Николов во интервјуто за ‘Моцартспорт’.

Шериф не заминал во Мадрид со намера да се брани и да ги брои головите во сопствената мрежа. На аеродромот биле пречекани само од една шпанска телевизија.

„Можам да ви кажам како беше на подготовките за натпреварот со Реал … Ваше е да ми верувате. Обично тимовите од Истокот немаат некои големи амбиции кога играат против фаворитите. Но, ние не влеговме на овој натпревар туку – така, да загубиме со што е можно помала разлика. Напротив, бевме посветени, го анализиравме Реал од сите агли, имавме видео презентации за нивната игра три дена, знаевме како можеме да им се спротиставиме. Нашиот тренер кажа дека треба да покажеме почит, но дека не треба се исплашиме од противникот“, потенцираше Бобан.

Бобан Николов вели дека понудата од Шериф ја добил по победата над Црвена Звезда и воопшто не се двоумел да ја прифати.

„По нивната победа над Црвена Звезда ја добив понудата на Шериф и воопшто не се двоумев. Имаше луѓе кои ми велеа каде ќе одиш таму во Молдавија, но Шериф уште против Црвена Звезда и Динамо покажа огромен квалитет. Се надевам дека нема да застанеме овде и дека ќе продолжиме понатаму во Европа, најмалку во Лигата на Европа. Навистина веруваме дека можеме да бидеме најмалку трети. Имаме пет бода повеќе од Интер и Шахтјор. Но, сега не размислуваме за нив. Не очекува дерби против Милсами“, истакнува македонскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови