Македонскиот младински репрезентативец Никола Величковски е ново засилување за македонскиот прволигаш Брера. Тој веќе тренира со струмичкиот тим кој првенството го отвора со гостување кај Силекс во Кратово.
Величковски во Струмица доаѓа од соседна Бугарија од екипата на Септември од Софија, а во својата кариера има настапувано за Вардар, Работнички и Македонија ЃП.
Станува збор за млад надежен фудбалер кој игра во нападот. Величковски е еден од носителите на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, а за младинските селекции на Македонија има над 20 настапи и запишано пет гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













