Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е ново засилување за унгарскиот прволигаш МОЛ Фехервар, каде во минатото настапуваа Бобан Николов и Висар Муслиу. Тој потпиша тригодишен договор и го задолжи дресот со број „31“.
„МОЛ Фехервар е еден од најголемите клубови во Унгарија и не размислував многу кога дојде понудата за трансфер. Знам дека клубот има големи амбиции и ќе се трудам да дадам максимум за да ги исполниме целите“, изјави Серафимов.
Тој минатиот месец го имаше дебито и во сениорскиот национален тим на Македонија и ги одигра двата меча против Гибралтар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski