Connect with us

Никој друг како Мурињо…Уникатното остварување на „специјалниот“ (ФОТО)

Рома слави во премиерното издание на Лигата на конференциите по победата од 1-0 над Феенорд и конечно може да се пофали со европски трофеј. Единствениот гол во финалето одиграно во Тирана го постигна Николо Заниоло.


Победата на „волчицата“ му донесе уште поголема слава на Жозе Мурињо, кој стана првиот тренер кој ги освоил сите актуелни европски клупски турнири – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на конференциите. Уште поимпресивно е што Португалецот секој од пехарите ги подигна со различен тим.

Мурињо славеше во Лигата на шампионите со Порто во 2004 година и со Интер во 2010 година. Во Лига Европа, „специјалниот“ го освои трофејот на кормилото на Манчестер Јунајтед во 2017 година, а сега во неговата биографија е вклучена и победа на најновиот турнир на УЕФА. Ова беше негов 26-ти трофеј и прв од 2017 година.

Треба да се напомене дека во 2003 година Мурињо победи со Порто и во Купот на УЕФА, кој подоцна беше преименуван во Лига Европа. Со своите пет трофеи од европските турнири, Жозе се израмни со легендарниот Италијанец, Џовани Трапатони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови