Connect with us

Никој друг до 19 години не постигнал толку многу голови како Ламин Јамал

Ламин Јамал запиша уште еден рекорд во својата кариера. Младиот фудбалер на Барселона веќе има 24 голови на 92 натпревари во Ла Лига, со што стана најефикасниот играч до 19 години во топ 5 европски првенства во 21 век.

Со овој ефект, тој го надмина Килијан Мбапе, кој на истата возраст имаше постигнато 23 погодоци.

Ламин Јамал е еден од најголемите таленти на светскиот фудбал во последните неколку децении, веќе е голема ѕвезда на Барселона и сигурно дека ќе ја одбележи наредната фудбалска декада.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови