Connect with us

Нико Паз во јуни се враќа во Реал Мадрид

Раководството на Реал Мадрид планира на крајот од сезоната во клубот повторно да го врати аргентинскиот фудбалер Нико Паз, кој моментално настапува за италијански Комо, пренесува шпанскиот весник „АС“.

Талентираниот офанзивен играч за врска Паз (21) пристигна во Реал уште во 2016 година и мина низ сите младински категории на „кралскиот клуб“.

За првиот тим на Реал одигра само осум натпревари, а во август 2024 година се пресели во Комо за сума од 6 милиони евра.

Во тимот на Цеск Фабрегас буквално „експлодираше“, покажа дека станува збор за фудбалер од врвна класа, па Реал е подготвен да стори сѐ за повторно да го врати во своите редови.

Нико Паз има договор со Комо до 30 јуни 2028 година, а откупната клаузула изнесува само 9 милиони евра.

Оваа сума, секако, не претставува никаков проблем за Реал, па сосема е реално Паз од следната сезона повторно да го гледаме на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови