Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, изрази задоволство од настапот на своите фудбалери по ремито 2-2 против Баерн Минхен во дербито од осмото коло во Бундеслигата.
„Ако во Минхен успеете да ја контролирате топката половина од времето, тоа значи дека сте направиле многу работи како што треба. Речиси и да не му дозволивме на противникот да создаде шанси. Во второто полувреме, секако, бевме принудени повеќе да се браниме, но дури и откако примивме гол, тимот не престана да верува во своите можности“, изјави Ковач.
„Настапивме со четворица дефанзивци, со идеја да го пречекаме противникот повисоко на теренот и да ги контролираме продорите на фудбалерите на Баерн, особено на нивните бекови, кои постојано влегуваат кон средината. Момците одлично ја исполнија поставената задача“, истакна хрватскиот стратег.
„Да се вратиш двапати од негатива во Минхен е исклучително тешко, па затоа сметам дека освоениот бод е целосно заслужен“, заклучи Нико Ковач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













