По поразот од 0-4 против Барселона, тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, спортскиот директор Себастијан Кел и неколку играчи беа длабоко разочарани.
Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, вели дека тимот играл добро само во првите 20 минути.
„Мислам дека нашето издание во првите 20 минути беше добро, дури и кога губевме со 0:1. Но потоа се јави голем јаз меѓу линиите и ни недостасуваше смиреност. Примивме гол од прекин и три гола од контранапади. Тоа е премногу. Дури и кога ќе ја изгубиш топката, мораш веднаш да носиш вистински одлуки. Мали детали решаваат вакви големи натпревари. Имавме две шанси преку Серху Гираси, мораше барем една да ја претвориме во гол“, изјави Нико Ковач.
Капитенот Емре Џан е свесен дека „милионерите“ не одиграа на потребното ниво.
„Не одигравме добар натпревар. Бевме премногу меки во дуелите и недоволно организирани во одбраната. Направивме големи грешки кои се казнуваат на ова ниво. Требаше да играме многу подобро. Не можевме да ја задржиме топката доволно долго. Барселона беше подобра“, истакна Емре Џан.
Со ваков резултат, Борусија Дортмунд ќе мора да направи вистинско фудбалско чудо во реваншот на 15 април, ако сака да се надева на полуфинале.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













