Connect with us

Нико Гонзалес го продолжи договорот со Јувентус до 2030 година

Нико Гонзалес потпиша нов договор со Јувентус, со кој се обврза на верност кон торинскиот клуб до 30 јуни 2030 година. Аргентинскиот репрезентативец го продолжи актуелниот договор за уште една сезона, откако со добрите настапи на почетокот на кампањата ги убеди челниците на „старата дама“ да ја продолжат соработката.

Дваесет и осумгодишниот фудбалер летово се врати во Торино, откако позајмицата во Атлетико Мадрид не заврши со постојан трансфер. Шпанскиот клуб имаше можност да го откупи неговиот договор за 32 милиони евра, доколку бидат исполнети одредени услови, но до реализација на зделката не дојде.

По враќањето во Јувентус, Гонзалес успеа да се наметне и да добие значајна улога во тимот на Лучијано Спалети. Аргентинецот покажа дека може да одговори на повеќе позиции во нападот, а неговата разноврсност и добрите настапи придонесоа за одлуката на клубот да го задржи на подолг рок.

Новото спогодбено решение претставува потврда за довербата што Спалети и раководството на Јувентус ја имаат во аргентинскиот офанзивец. Покрај продолжувањето на соработката до летото 2030 година, договорот предвидува и корекција на неговата плата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови