Connect with us

Никлас Фулкруг пристигна во Италија на потпис со Милан

Германскиот репрезентативец Никлас Фулкруг пристигна во Милано за да го финализира својот трансфер од Вест Хем во Милан. „Росонерите“ постигнаа договор со „чеканите“ и ќе го ангажираат 32-годишниот фудбалер на позајмица до крајот на сезоната, при што ќе ја покриваат само неговата плата.

На лето, италијанскиот гигант ќе има можност да го откупи, а според „Скај Спорт Италија“ тоа би можело да се случи за значително пониска сума од првично споменуваните 13 милиони евра. Медиумот тврди дека двата клуба се договориле за откупна клаузула во вредност од 5 милиони евра.

Фулкруг денеска ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе ја започне подготовката со екипата на Масимилијано Алегри. Тој ќе биде регистриран на 2 јануари, кога се отвора трансферниот прозорец во Италија.

Оваа сезона Никлас Фулкруг има осум настапи за Вест Хем, на кои сè уште нема постигнато гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови