Connect with us

Ник Волтемаде е нов напаѓач на Јувентус

Јувентус официјално го потврди ангажманот на Ник Волтемаде од Њукасл. Германскиот напаѓач во Торино пристигнува на едногодишна позајмица, без вклучена опција за откуп на неговиот договор, а „бјанконерите“ за услугите на 24-годишниот фудбалер ќе издвојат 4 милиони евра до крајот на сезоната.

Волтемаде денеска пристигна во Торино, каде што ги мина задолжителните лекарски прегледи, по што беше ставен потпис на договорот и трансферот меѓу двата клуба и официјално беше комплетиран.

Во Јувентус се одлучиле за германскиот напаѓач пред Џошуа Зиркзе, кој исто така долго време се поврзуваше со преселба во редовите на италијанскиот гигант. Според информациите од Италија, пресудни биле техничките и финансиските аспекти.

Волтемаде минатото лето го напушти Штутгарт и се пресели во Њукасл за 65 милиони фунти. Иако имаше одличен почеток во дресот на „страчките“, неговата форма постепено опадна, а сезоната ја заврши со 11 постигнати голови на 53 натпревари.

Сега Германецот ќе има нов предизвик во Серија А, каде што во дресот на Јувентус ќе се обиде да ја врати најдобрата форма и да биде важна алка во нападот на „старата дама“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови