Connect with us

Нигерија се пласира во полуфиналето на АКН (ВИДЕО)

Нигерија обезбеди место во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, откако во четвртфиналето без поголеми проблеми ја совлада селекцијата на Алжир со 2-0.

По елиминацијата од квалификациите за Светското првенство пред два месеци, „суперорлите“ успеаја да се вратат на победничките патеки и со два погодоци во второто полувреме стигнаа до завршницата на турнирот.

Клучниот период од натпреварот беше веднаш по паузата, кога Нигерија за кратко време го реши победникот.


Виктор Осимен прв го проби отпорот на Алжир и го отвори резултатот, а недолго потоа Адамс со уште еден погодок ја потврди победата.

Во битката за финале, Нигерија ќе игра против домаќинот Мароко, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Сенегал и победникот од дуелот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Египет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови