Connect with us

Нигерија доминираше, но Роџерс Мато стрелаше за Уганда (ВИДЕО)

Нигерија ја потврди доминацијата во групата Ц на Африканскиот Куп на нации со убедлива победа над Уганда од 3-1.

Пол Онуачу го отвори резултатот уште во првото полувреме, носејќи минимална предност на паузата, а Рафел Ониједика го зголеми водството со два последователни гола.


Единствениот погодок за Уганда го постигна фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато во 75-тата минута, но тоа не ја закомпликува сигурната победа на Нигерија.


Уганда, дополнително, остана со десет играчи откако Салим Магула доби црвен картон во 65-тата минута.

Со овој триумф, Нигерија обезбеди место во нокаут-фазата, додека Уганда ја заврши својата авантура со само еден бод.

Во истата група, Тунис се пласира понатаму со реми против Танзанија 1-1. Исмаел Гарби реализираше пенал за Тунижаните, додека Фејсал Салум го изедначи резултатот за Танзанија. Со вкупно четири бода, Тунис исто така продолжува во елиминационата фаза.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови