Еден од најневеројатните статистички податоци од почетокот на Светското првенство 2026 доаѓа од таборот на Шпанија. Европскиот првак не успеа да ги победи Зеленортските острови, а еден податок е навистина неверојатен.
Напаѓачот Микел Ојарзабал влезе во историјата како прв играч од 1966 година, од кога се води оваа статистика, кој поминал повеќе од 30 минути на теренот без ниту еднаш да ја допре топката.
Дополнителна тежина на овој податок му дава фактот што не станува збор за резервист внесен во игра во хаотична завршница, туку за стартер и централен напаѓач на шпанската репрезентација во натпреварот против Зеленортски Острови.
0 – Spain's Mikel Oyarzabal is the first player on record since 1966 to play the first 30 minutes of a FIFA World Cup match without touching the ball once.
— OptaJoe (@OptaJoe) June 15, 2026
Peripheral. pic.twitter.com/Ym5xi1ufbg
Ојарзабал е еден од најважните офанзивни играчи на Шпанија во последните години, познат по своето движење меѓу линиите, отворањето простор и учеството во комбинираната игра. Сепак, против Зеленортските Острови тој беше целосно отсечен од случувањата на теренот.
Во првите 30 минути не доби ниту една употреблива топка и воопшто не учествуваше во градењето на нападите, што за централен напаѓач на Шпанија е речиси незамислива статистика.
Сепак, кон крајот на првото полувреме успеа да се раздвижи. Во 39. минута шутираше со глава и го принуди голманот на Зеленортските Острови, Возиња, на одлична интервенција. Таа беше и една од ретките опасни ситуации што Шпанците ги создадоа во ремито без голови против големиот аутсајдер.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













