Шест месеци по операцијата на лигаментите на коленото, македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски се врати на тренинзите со остатокот од тимот на Удинезе. Ова е особено важен момент за нашиот напаѓач, кој ја помина целата тренинг-сесија со своите соиграчи денес. Одличните вести од Италија и само го потврдуваат фактот дека враќањето на терените на “Несто-гол” е само прашање на време.
“Поминаа 180 дена, со сите се соочив со дигната глава. Не беше лесно да се надмине се, но како и секоја потешкотија, се соочив со тоа на најдобар можен начин. Оваа пречка не беше лесна, но успеав да ја надминам со мојата одлучност и благодарејќи на моето семејство кое беше покрај мене секој ден! Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на медицинскиот персонал на Удинезе што ми беа на располагање за да закрепнам подобро. Благодарам”, напиша Несторовски на социјалните мрежи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski