Connect with us

Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо

Илија Несторовски повторно покажа дека и на 36 години останува голема опасност за противничките одбрани. Македонскиот голгетер со два погодоци донесе пресврт за Славен Белупо на гостувањето кај Рудеш, но неговиот тим сепак не успеа да стигне до победа.

Несторовски натпреварот го започна од клупата, но веднаш по влегувањето во второто полувреме ја презеде главната улога. Со два гола успеа да го сврти резултатот и да му донесе водство од 1-2 на Славен Белупо.

Сепак, гостите не го издржаа притисокот до самиот крај. Рудеш во судиското продолжение доби пенал, кој го искористи за израмнување и конечни 2-2.

Несторовски одигра одличен натпревар, но неговите два гола не беа доволни Славен Белупо да ги освои трите бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови