Connect with us

Нестор промаши пенал за Палермо

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски немаше свој ден на вечерашниот дуел против Венеција во Серија Б (1-1). Капитенот на Палермо промаши пенал во 71.минута, откако самиот се избори за најстрога казна во противничкиот шеснаесетник. Сепак, неговиот удар го одбрани голманот на Венеција, Викарио. 

Домашниот тим Венеција поведе со голот на Рикардо Бокалон во 39.минута од натпреварот. Палермо од пораз го спаси Унгарецот Пушкаш во 84.минута. 

Александар Трајковски исто така беше стартер за Палермо и играше до 77.минута, кога на негово место во игра влезе Стефано Морео.       

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови