Connect with us

Несекојдневен подвиг во македонскиот фудбал: Јован Трајков во една сезона, со две екипи – освои четири трофеи

Кога се работи со страст кон фудалот и со максимална посветеност, сѐ е можно. Доказ за тоа е Јован Трајков, тренерот на Еуромилк Горно Лисиче, кој успеа да го внесе поранешниот прволигаш од Третата во Втората фудбалска лига, со триумфот над Каменица Саса (2-1) во баражот.


Всушност, Трајков, кој е и тренер во младинската школа на Вардар (У16), оваа сезона успеа да освои четири трофеи со две екипи.


Со Еуромилк Горно Лисиче стана шампион во Третата лига Север и потоа во баражот влезе во Втората лига, а со кадетскиот тим на Вардар (У16) стана севкупен победник во првенството, а исто така го освои и Купот на Македонија.


„Ова е сезона која никогаш нема да ја заборавам. Што се вели, ќе биде репер и мотивација како да продолжиме да работиме и понатаму, стремејќи се кон нови успеси. Навистина е како во бајка, успеси на сите фронтови. Но, тоа не е само мој успех, би сакал да го споделам секако со фудбалерите, соработниците во стручниот штаб и раководствата на Еуромилк Горно Лисиче и младинската школа на Вардар. Најголемите заслуги секако одат за фудбалерите, тие се главните актери на теренот, тие можат еден тренер да го издигнат ако има успех, а спротивно е доколку резултатите се лоши. Пресреќен сум што изградивме една семејна, хомогена средина, каде сите се во служба на колективот, тоа е предуслов и за добрите резултат. Се разбира, сакам да се заблагодарам до сите и за одличните услови кои ги имавме за создавање на овие успеси. И ветување дека нема да застанеме тука, дека ќе продолжиме уште понапорно следната сезона“, изјави Јован Трајков за МАКФУДБАЛ.

Јован Трајков сега се фокусира на градење на второлигашки тим со Еуромилк Горно Лисиче, а кога се во прашање младите фудбалери на Вардар, секој тренинг и натпревар е мошне значаен за нивниот натамошен развој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови