Connect with us

Непријатна повреда за Кире Ристевски

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски заработи незгодна повреда на бутниот мускул на левата нога на вчерашниот натпревар меѓу Ујпешт и Диосѓер (5-0). Нашиот интернационалец мораше да ја напушти играта уште во 37.минута, а на негово место влезе Црногорецот Мијушко Бојовиќ.

Како што информира Ујпешт на својот официјален сајт, Кире Ристевски во текот на утрешниот ден ќе замине на детални лекарски прегледи, по што ќе биде познато и колку ќе отсуствува од фудбалските терени.     

Advertisement

Facebook

Тимови