Connect with us

Немири на стадионот на Партизан – Едните скандираа „Вучиќ – педер“, другите дојдоа да ги тепаат (ВИДЕО)

На натпреварот меѓу Партизан и Дунајска Стреда од второто квалификациско коло во Конференциската лига, избувнаа немири меѓу навивачите на трибините откако на стадионот започнаа погрдни скандирања против српскиот претседател Александар Вучиќ.


На источната и западната трибина навивачите извикуваа „Вучиќ – педер“, а група хулигани се обидоа да ги запрат, но не поминаа добро и брзо побегнаа назад кон југ, пишува српскиот портал „Директно.рс“.


Владимир Вулетиќ, поранешен потпретседател на Партизан и основач на „Црно на бело“ – за движење за праведна Србија, на Твитер сподели видео од трибината со коментар: „Некои убави луѓе тепаат груби луѓе кои протестираат против„ педерот Вучиќ “.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови