Искусниот српски играч за врска Немања Матиќ би можел да направи еден од најинтересните трансфери ова лето, откако неговото име се поврзува со италијанскиот гигант Јувентус.
Според информациите од Италија, Матиќ му бил понуден на торинскиот клуб како искусно и финансиски прифатливо решение за средниот ред. Неговиот агент Владо Лемиќ наводно вчера имал разговори со раководството на „старата дама“, а една од главните теми била токму можноста српскиот интернационалец да се пресели во Торино.
На истиот состанок се разговарало и за евентуален ангажман на аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, кој исто така се наоѓа на списокот на потенцијални засилувања на Јувентус.
Торинскиот клуб размислува да донесе уште еден искусен фудбалер во своите редови, играч кој би можел да внесе стабилност, лидерство и дополнителен квалитет во средината на теренот.
Иако во август ќе наполни 38 години, Матиќ и понатаму е интересен за голем број европски клубови благодарение на огромното искуство стекнато во текот на кариерата. За репрезентацијата на Србија има 48 настапи, а долги години беше еден од најважните фудбалери на националниот тим.
Матиќ моментално настапува за Сасуоло, каде што пристигна во август минатата година. Со италијанскиот клуб има договор до летото 2027 година, а според информациите од Апенините, неговата плата изнесува околу два милиони евра нето по сезона.
Токму поволните финансиски услови, но и неговото искуство од настапите за клубови како Челси, Манчестер Јунајтед и Рома, го прават Матиќ атрактивна опција за Јувентус, кој сака да го засили составот со проверени и искусни фудбалери.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Реал Мадрид се фокусира кон Зубименди
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













