По тежок период на финансиски проблеми, Киево полека повторно ја гради својата позиција на италијанската фудбалска сцена. Клубот од Верона има стабилна сезона во Серија Д, а за пролетниот дел од шампионатот добива големо засилување кое може значително да влијае врз резултатите.
Искусниот бразилски офанзивен играч Даглас Коста ќе го облече дресот на Киево до крајот на сезоната, претставувајќи еден од клучните адути во обидот тимот да се пробие кон повисоките позиции на табелата.
По завршувањето на сезоната во Италија, Коста ќе ја продолжи кариерата во Ал-Итифак. Интересно е што претседател на клубот од Обединетите Арапски Емирати е Пјетро Латерца, кој поседува удел и во Киево, па токму таа врска овозможи Бразилецот привремено да им помогне на „летечките магариња“ во нивната борба за промоција.
Даглас Коста пристигнува во Серија Д како слободен фудбалер, по завршетокот на авантурата во Сиднеј во септември 2025 година.
Во својата долга и богата кариера, Коста носеше искуство од клубови како Гремио, Шахтјор Доњецк, Баерн Минхен, Јувентус, ЛА Галакси и Флуминенсе – искуство кое може да се покаже како клучно за амбициите на Киево оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













