Бразилскиот ас Нејмар стави крај на шпекулациите околу трансфер во Интер Мајами или враќање во Европа, откако постигна нов договор со својот матичен клуб Сантош. Тој е подготвен да потпише продолжување на соработката кој ќе го врзе за клубот до крајот на Светското првенство 2026.
Според пишувањата на порталот „Глобо Еспорте“, договорот го задржува Нејмар на „Вила Белмиро“ до 31 декември 2026 година. Иако во еден момент се чинеше дека 33-годишниот фудбалер е подготвен за нов предизвик, моментално минува низ уште една рехабилитација по операцијата на коленото, па затоа е среќен што останува во познатата средина, блиску до семејството и пријателите.
Главната цел на Нејмар е настап на Светското првенство, а за да се најде на списокот на селекторот Карло Анчелоти, мора редовно да игра. Бразилецот, кој е рекордер по број на голови за репрезентацијата со 79 погодоци во 128 настапи, не играше за националниот тим од тешката повреда на лигаментите на коленото во септември 2023.
Иако во Сантош се воодушевени што нивниот капитен се обврзал на верност, бразилските медиуми истакнуваат дека неговиот договор месечно го чини клубот колку „четворица или пет обични играчи“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













