Таткото на Нејмар објави дека неговиот син сè уште може да игра за бразилската репрезентација. Минатата недела 34-годишниот играч објави дека го одиграл својот последен натпревар за националниот тим на Светското првенство.
„Не можам да гарантирам дека е 100 проценти завршено со репрезентацијата. Можно е да се врати“, изјави Нејмар-постариот за време на еден настан во Бразил.
Напаѓачот на Сантос, сепак, одговори со насмевка: „Не игра татко ми за репрезентацијата.“
Тој исто така увери дека во моментов не планира да се повлече од фудбалот. „Не размислувам за пензионирање. Имам договор со Сантос до декември и сега сакам да го дадам максимумот за клубот. Потоа ќе ги разгледам опциите: да останам, да заминам, да ѝ ставам крај на кариерата или да продолжам да играм… Не знам. Сè уште има време до декември. Ќе видиме“, рече Нејмар.
Фудбалерот дебитираше за Бразил во 2010 година. Тој одигра 130 натпревари за репрезентацијата во сите натпреварувања, во кои постигна 80 голови и забележа 59 асистенции, станувајќи најдобар стрелец во историјата.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













