Бразилската ѕвезда Нејмар се врати на терен и покрај тоа што повредата сè уште не му е целосно залечена, и одигра клучна улога во триумфот на Сантос против Спорт Ресифе со 3-0, во дуел од 36. коло на бразилското првенство. Со оваа победа, Сантос излезе од зоната за испаѓање и се искачи на 15. позиција со 41 бод.
Напаѓачот долго време се соочуваше со проблем со менискусот, поради што лекарите му препорачуваа пауза до крајот на годината. Сепак, тој се најде меѓу стартерите и на терен беше речиси до самиот крај. Нејмар го отвори резултатот во 25. минута, а само десет минути подоцна, по автоголот на Лукас Кал, Сантос го удвои водството. Третиот погодок го постигна Жоао Шмит, на додавање токму од Нејмар.
До крајот на сезоната има уште две кола, како и неколку заостанати натпревари, но историскиот бразилски клуб сега е во одлична позиција да обезбеди опстанок во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













