Голот на Нејмар донесе исклучително вредна победа за Сантош во дуелот против лидерот Фламенго во 14. коло од бразилското првенство. 33-годишниот офанзивец погоди во 84. минута за триумфот од 1-0 на домашен терен, откако пред овој натпревар Сантош се наоѓаше во зоната за испаѓање. Тоа беше 700. гол на Нејмар во кариерата.
NEYMAR JR!
— Vídeos (@Vidfute) July 17, 2025
SANTOS 1-0 FLAMENGO!
pic.twitter.com/hUdFFQDDqk
Нејмар доби додавање од Гилерме во шеснаесетникот, мајсторски се сврте и го совлада голманот на Фламенго, Агустин Роси. Ова беше прв погодок за поранешната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен од почетокот на сезоната. Освен тоа, за првпат остана на теренот цел натпревар – сите 90 минути.
Натпреварот ќе се памети и по дебито за Сантош на 17-годишниот Робињо Жуниор – синот на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо. Талентираниот напаѓач влезе во игра во 65. минута.
Слично како татко му, и Робињо Жуниор го носи дресот со број „7“. Минатата година тој го потпиша својот прв професионален договор со Сантош. Договорот важи до 2027 година, а откупната клаузула изнесува 53,5 милиони долари.
„Робињо Жуниор е многу талентирано момче. Ми е драго што можам да му помогнам. Го познавам уште од дете, а сега веќе играме заедно“, изјави Нејмар по натпреварот.
На почетокот од својата кариера, Нејмар беше под закрилата на Робињо, кој моментално издржува затворска казна во Бразил поради силување. Сега, ѕвездата на Сантош е во улога на ментор на синот на својот добар пријател.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













