Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, продолжува со исплата на долговите кои се натрупаа во изминативе години. Со тоа, постепено се деблокира сметката на клубот, која беше „заробена“ цели осум години.
Претседателот на Вардар, Миленко Неделковски, информираше за долговите што се регулирани денес, но воедно изрази и разочарување од оние кои добиле средства од клубот.
„Клубот сериозно работи на финансиската стабилизација, што пред сè подразбира исплата на средствата кон оние кои со извршни решенија ја имаа блокирано сметката на Вардар.
Лично ме погодува фактот што НИТУ ЕДЕН од оние што добија значителни суми не најде за сходно да донира дел, барем од каматите, за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани. Или пак, за деца без родители или за Младинската школа на Вардар! За жал, тоа е реалноста“, реагираше Неделковски во објава на официјалниот сајт на клубот.
Од денешните исплати, Вардар ги регулираше долговите кон:
- Билјана Блажевска – 1.662.502 денари
- Телеком – 181.212 денари
- Сарана Трејд – 2.314.142 денари
- Бојан Захариев – 1.400.000 денари плус камати.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













