Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски, на брифинг со новинарите ја сумираше годината зад клубот, при што како клучна тема ги издвои финансиската состојба и наследените долгови на „црвено-црните“.
Неделковски истакна дека долгот кој им бил презентиран при преземањето на раководењето изнесувал 2,5 милиони евра, но, како што рече, уште тогаш постоеле сомнежи дека реалната состојба е многу посложена.
„Долгот ни беше претставен како 2,5 милиони евра и дека тоа е сè. Уште тогаш не ми изгледаше реално, а со текот на времето се покажа дека сумата е значително поголема од прикажаната“, изјави Неделковски.
Тој појасни дека со Управата за јавни приходи е договорена исплата на 2,5 милиони евра на 36 рати, од кои досега се исплатени 12. Станува збор главно за долгови по основ на плати и договори, обезбедени со имот како гаранција.
Блокадата кон ПУИГ е тргната, а по тој основ се исплатени 200.000 евра во 12 рати. Кон фирми и физички лица, пак, биле вратени околу 1,5 милиони евра. Според Неделковски, кога ќе се соберат сите обврски и ќе се додадат каматите, реалната сума е значително поголема од првично прикажаната.
Како дел од расчистените побарувања, тој ги издвои:
Горан Попов (250.000 евра), Владица Брдаровски (130.000 евра), Бенџамин Демир (100.000 евра), Матеј Цветаноски (95.000 евра), Михајло Костиќ (150.000 евра), Бане Костиќ (30.000 евра), Горан Митев (90.000 евра), Дарко Панчев (70.000 евра), Панче Георгиевски (70.000 евра), Бојан Захариев (70.000 евра), како и Саша Илиќ, Игор Кралевски и Слободан Мутибариќ.
Постојат и договорни исплати со поранешни соработници кои не го блокирале клубот, но имаат валидни договори. Дополнително, потпишани се обврски за исплата на 420.000 евра кон лица кои претходно го задолжувале клубот. Исплатени се и бројни заостанати трошоци од минатото раководство – кон хотели, ресторани, превозници, болници, авиокомпании и за кирии.
Според Неделковски, вкупната сума на долговите, заедно со каматите, во моментов изнесува околу 10 милиони евра, што е значително повеќе од претходно прикажаното.
„За Вардар целосно да застане на здрави нозе, ќе бидат потребни најмалку уште две години“, заклучи Неделковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













