Барселона се уште е подготвена да се откаже од Лук де Јонг и подготвува алтернатива на позицијата напаѓач. Каталонското радио пренесе малку шокантна вест дека клубот има идеја да го доведе напаѓачот на Елче, Лукас Боје.
Станува збор за малку познат аргентински напаѓач, кој има 25 години, порасна во Ривер Плата, а во Европа дојде во 2016 година за тимот на Торино.
Сепак, никогаш не ги исполни очекувањата, постигна само еден гол во Серија А и затоа замина на позајмица во
Селта, АЕК, Ридинг, а потоа и во Елче кој го купи во 2021 година.
Она што особено фрла сомнеж во одлуката на Барселона се неговите настапи во досегашната кариера. Боје за сите споменати клубови одигра 227 натпревари и постигна само 29 гола.
Точно е дека најмногу се пронајде во Елче, но 14 гола на 52 меча за шпанскиот клуб секако не е некој посебен ефект. Тој секако е само евтина опција за позицијата резервен напаѓач до лето, но сепак, вакво нешто до неодамна беше незамисливо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski