Connect with us

Навивачите на Наполи побараа оставка од Антонио Конте

Популарниот хаштаг #ConteOut повторно се врати во фокусот на социјалните мрежи за време на викендот, откако незадоволни навивачи на Наполи почнаа да бараат оставка од тренерот по разочарувачкиот пораз од 0-2 против Лацио на „Стадио Марадона“.

Надежите на „наполитанците“ дека ќе се вмешаат во битката со Интер за титулата во Серија А во сезоната 2025/26 сега се веќе комплетно уништени, по домашниот пораз од „лацијалите“. Во тој натпревар тимот на Конте не упати ниту еден удар во рамки на голот. Според „Газета дело Спорт“, ова можеби е најслабото издание на Наполи под водство на тренерот кој ја освои титулата во сезоната 2024/25.

Лацио уште еднаш се покажа како „црна мачка“ за Наполи, а Интер може веќе следната недела да ја осигура титулата во Серија А.

По овој резултат, „партенопеите“ заостануваат 12 бода зад Интер на само пет кола пред крајот на сезоната. Иако Наполи сè уште изгледа сигурен за пласман во Лигата на шампионите, се засилија повиците Конте да го напушти клубот по серијата неубедливи резултати во последниот период.

Последните два натпревари на тимот се разочарувачки, со оглед дека ремито 1-1 против Парма претходеше на поразот од Лацио. Дополнително, Конте во текот на сезоната често ги истакнуваше проблемите со повреди во тимот, но тоа оправдување веќе не држи, бидејќи клучните играчи како Кевин Де Бруин, Скот Мектоминеј, Андре-Франк Замбо Ангуиса и Станислав Лоботка веќе подолго време се достапни.

Исто така, дел од навивачите сметаат дека Конте не ги адресирал доволно јасно шпекулациите за можен камбек на клупата на репрезентацијата на Италија, што дополнително создава неизвесност околу неговата иднина во клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови