Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека му е тешко кога слуша навивачите да ја нарекуваат екипата „здодевна“, но призна дека не се противи целосно на таквата оценка и дека сака неговите фудбалери да играат атрактивен фудбал.
Ливерпул е непоразен во последните девет натпревари, но навивачите критички ја оценија играта во ремито со Лидс и Фулам, како и во победата над Вулверхемптон.
На прашањето што мисли за коментарите дека тимот е здодевен, Слот рече:
„Тешко ми е да ги слушнам тие зборови, но не и дека се целосно не се согласувам.“
„Би употребил други зборови и би ги земал предвид и другите аспекти. Сакам да освојуваме што повеќе трофеи, но мислам дека сум познат по тоа што моите тимови секогаш се обидуваат да играат офанзивен фудбал, и можам да кажам дека се трудиме тоа и да го постигнеме“, додаде Слот.
Ливерпул вечерва ќе игра во Лондон против лидерот Арсенал, кој има 14 бодови предност на табелата.
Најдобриот стрелец на тимот, Хуго Екитике, ќе го пропушти натпреварот поради повреда, повреден е и Александер Исак, а Мохамед Салах има репрезентативни обврски со Египет на Африканскиот куп на нации.
„Се мачиме да создадеме многу шанси, но, како што многупати реков, не сме единствен тим кој има проблеми да создаде големи шанси. Не мислам дека бројот на шанси многу се разликува од оние тимови кои навистина играат добро во лигата“, истакна менаџерот на Ливерпул.
Според статистиката на „Опта“ за создадени големи шанси во ситуации кога се очекува играчот да постигне гол, Ливерпул има 53 шанси од кои постигнал 32 гола во Премиер – лигата оваа сезона. Манчестер Сити е водечки со 65 шанси и 44 гола, а Арсенал е втор во рангирањето со 62 шанси и 40 гола.
„Секако дека не ми е пријатно да слушам такви коментари. Сакам да победуваме во многу натпревари, но и да играме атрактивен фудбал, што го правевме оваа сезона. Мора да најдеме начин против екипите кои не играат атрактивно, што можеби е паметно за нив. Сè уште не сме го нашле вистинскиот одговор, но секојдневно работиме на тоа да се подобриме“, истакна Слот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс













