Connect with us

Навивачи на Витезе урнаа трибина од премногу славје (ВИДЕО)

Мал дел од трибината на холандскиот клуб Најмeген, стадионот “Гоферт” пропадна, додека навивачите на гостите, Витезе, ја прославуваа победата на нивниот тим од 1-0. Веднаш по финалниот свиреж на судијата, играчите на Витезе се упатија кон нивните навивачи да ја прослават победата, кога се сруши најнискиот дел од трибината.

Се верува дека околу 35 лица биле сместени во делот што пропадна. Фановите брзо се качија нагоре, подалеку од погодениот дел од трибината. Сè уште не е познато дали некој од приврзаниците на гостинскиот клуб е повреден за време на инцидентот.

Претседателот на Најмеген, Вилко ван Шајк, рече дека, колку што знаел, никој не е повреден: “Имаше контејнер под трибината и тој спречи ништо посериозно”. Додека пак градоначалникот на Најмеген, Хуберт Брулс изјави дека е шокиран. “За среќа, колку што знаеме, никој не е повреден. Сакам истрага што е можно побрзо за она што се случи овде”, изјави Брулс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови