Во центарот на Белград синоќа се случил жесток инцидент во кој сериозно настрадал навивач на Селтик. Тој бил итно пренесен во Ургентен центар поради повреди здобиени во масовна тепачка.
Според „Телеграф“, инцидентот се случил вечерта пред натпреварот од Лигата на Европа меѓу Црвена Звезда и шкотскиот клуб. Група хулигани нападнале странски навивачи кои носеле дресови на Селтик, додека тие мирно седеле во кафулињата на улицата „Змај Јовина“. Најпрво имало вербален судир, кој за кусо време преминал во физички конфликт.
Во тепачката најтешко поминал 34-годишен навивач на Селтик, кој заработил повреди на главата. Напаѓачите веднаш ја напуштиле сцената пред да пристигнат полицијата и итните служби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













