Еден од најдобрите фудбалери на Кит Го во изминатава сезона, Иван Настевски со сериозно самокритична анализа за изминатава деби сезона на нашиот тим во Втората лига на Македонија.
Настевски вели дека, согласно играчкиот кадар и условите кои ги има за работа, Кит Го можел и морал многу повеќе од освојувањето на средината на табелата.
„Кога ќе направиме осврт на целата сезона не можам да кажам дека сум комплетно задоволен. Загубивме бодови таму каде што не смеевме, правевме многу грешки на пооделни натпревари и тоа скапо не чинеше. Според играчкиот кадар и условите кои ги имаме за работа мораше да бидеме подобропласирани од средината на табелата. Но, не бевме доволно компактни и дрски на клучните натпревари“ – вели Настевски кој смета дека последниот дел од шампионатот покажал дек овој тим може многу повеќе…
„Секој од нас фудбалерите треба да си направи сам на себе анализа и каков допринос дал за екипата. Мора да бидеме самокритични затоа што само со воочување на грешките може да одиме напред. Гордоста не треба да не води, затоа што во тимската игра место за гордост нема. Во секој случај само заедно, сплотени и со нови сили понатака може да одиме напред. Токму последениот дел од сезоната, игрите и резултатите, некако го донесоа посакуваниот лик на тимот и верувам дека тоа ќе ни биде вистинска водилка за следната сезона“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













