Connect with us

Наследникот на Салах во Ливерпул доаѓа од Лајпциг за 120 милиони евра

Ливерпул во наредните денови би требало да добие големо засилување, откако играчот кого го посакува „половина Европа“ им кажал „да“ на „црвените“.

Англиските медиуми дури ги открија и трошоците што Ливерпул ќе мора да ги плати за да го добие фудбалерот кој се смета за најголемото откритие на Ред Бул уште од Ерлинг Халанд.

Секако, станува збор за Јан Диоманде, 19-годишниот крилен напаѓач кое оваа сезона има постигнато седум голови и четири асистенции во 16 настапи за Лајпциг.

Диоманде пристигна во Германија од Леганес за 20 милиони евра и многу брзо стана еден од најбараните млади фудбалери во светот.

Тотенхем беше првиот клуб што ги испрати своите скаути да го следат, а набргу им се придружија и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Интерес за Диоманде пристигнува од сите страни на светот, а меѓу клубовите кои се заинтересирани се и Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.

Диоманде, сепак, јавно откри за кој клуб навива и каде би сакал да ја продолжи кариерата.

„Сакам да играм на Енфилд, сакам да играм за Ливерпул“, изјави Диоманде во живо на Инстаграм.
„Голем навивач сум на Ливерпул, сонот на татко ми е да ме види како играм за Ливерпул.“

Она што ги загрижува челниците на Ливерпул е фактот што ќе мора да платат навистина огромна сума за неговото доведување.

Ангажманот на овој играч летово можеби би чинело нешто помалку, но јасно е дека цената нема да падне под 100 милиони евра, а наводно точната сума со сите бонуси изнесува 120 милиони евра.

Во Салцбург се свесни каков бисер имаат и немаат намера лесно да го пуштат да замине.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови