Наполи не успеа да стигне до победа на својот стадион и ремизираше без голови против Парма (0-0) во рамки на 16. коло од Серија А.
Тимот на Карлос Куеста приреди вистинско изненадување, откако од „Диего Армандо Марадона“ си замина со бод против актуелниот италијански шампион.
Домашните рано помислија дека стигнале до водство, кога Мектоминеј ја погоди мрежата во 11. минута, но радоста беше краткотрајна поради досуден офсајд во акцијата што претходеше.
Наполи потоа воспостави силен притисок, а голманот на Парма, Риналди, се истакна со две брзи и сигурни одбрани по ударите на Бонџорно и Хојлунд. Сепак, до паузата немаше промена на резултатот.
И во вториот дел „партенопеите“ ја имаа иницијативата, но нивните напади стануваа сè понеефикасни, додека гостите успешно ја одржуваа компактноста во одбраната.
Дополнителен проблем за Наполи беше и повредата на Нерес, кој влезе од клупата, но во судиското надополнување мораше да го напушти теренот.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби околу половина час игра, откако влезе на теренот во 58. минута.
Без голови до крајот, Парма заслужено си замина со бод од Наполи. По ова коло, Наполи се наоѓа на третото место со 40 бодови, додека Парма е 14. со 22 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













