Италијанскиот шампион Наполи планира да ја засили средината на теренот во зимскиот трансфер прозорец, а во фокусот на клубот се наоѓа Леон Горецка. „Тутомеркато“ пишува дека „партенопеите“ го одредиле германскиот репрезентативец како приоритетна цел, но Баерн Минхен малку веројатно ќе се согласи да се раздели со него во средината на сезоната, иако неговиот актуелен договор истекува летово.
Токму поради ова, Наполи подготвил и алтернативни опции, меѓу кои се наоѓаат Коби Мејно од Манчестер Јунајтед, Сунгуту Магаса од Вест Хем и Лоренцо Пелегрини од Рома.
Во меѓувреме, Горецка е отворен за можноста да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, но во овој момент сè уште не донел конечна одлука за следниот чекор, јавува „АС“. Во последните денови се појавија информации дека „душекчиите“ би можеле да го ангажираат искусниот играч како слободен агент следното лето.
Сепак, заминувањето на Горецка не е сигурно, бидејќи Баерн може да се обиде да го задржи со нова понуда со намалени финансиски услови. Во таков случај, улогата на 30-годишниот Германец би се трансформирала – од стандарден првотимец во искусен играч со клучна улога за балансот во соблекувалната и ротацијата во средината на теренот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













