Connect with us

Наполи не победи во Данска, ПСЖ падна во Лисабон, „кралевите“ испорачаа шест гола

Елиф Елмас и Наполи не успеаја да се вратат со цел плен од Данска, откако ремизираа 1-1 на гостувањето кај Копенхаген во 7. коло од Лигата на шампионите. И покрај тоа што италијанскиот тим повеќе од половина час имаше играч повеќе по директниот црвен картон на Дилејни, како и водство од 0-1 благодарение на погодокот на Мектоминеј по асистенција на македонскиот репрезентативец Елмас, „наполитанците“ не успеаја да ја задржат предноста.


Домашниот тим израмни во 72. минута преку Ларсон и му одзеде два бода на фаворитот.

Реал Мадрид немаше милост за Монако и на „Сантијаго Бернабеу“ запиша убедлива победа од 6-1. Мбапе беше најрасположен со два гола, додека по еднаш прецизни беа Мастантуоно, Винисиус Жуниор и Белингaм. Францускиот тим си постигна и автогол преку Керер, а почесниот погодок за гостите го реализира Тезе.

Во дербито на вечерта, Арсенал блесна на гостински терен и го совлада Интер со 1-3. Габриел Жезус двапати ја тресеше мрежата на „нероаѕурите“, а еднаш се запиша и Ѓокереш, додека Сучиќ беше стрелец на единствениот гол за домашниот состав.

Изненадување приреди Спортинг Лисабон, кој со 2-1 го совлада актуелниот шампион ПСЖ и ја шокираше париската екипа.

Резултати од 7. коло во Лигата на шампионите:

Копенхаген – Наполи 1-1
Интер – Арсенал 1-3
Олимпијакос – Баер Леверкузен 2-0
Реал Мадрид – Монако 6-1
Спортинг Лисабон – ПСЖ 2-1
Тотенхем – Борусија Дортмунд 2-0
Вилјареал – Ајакс 1-2

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови