Наполи разочара и не успеа да ја искористи улогата на фаворит, откако одигра нерешено 2-2 против Верона во 19. коло од Серија А. Иако на крајот успеа да се врати од голема негатива, ремито претставува сериозен чекор назад за актуелниот шампион во борбата за врвот на табелата.
Верона имаше фантастично прво полувреме и поведе со 0-2 благодарение на погодоците на Фрезе и Орбан во 16. и 27. минута. Наполи, сепак, реагираше по паузата и за само девет минути успеа да се врати во игра. Првиот гол беше запишан на Скот Мектоминеј, иако топката заврши во мрежата по контакт со дефанзивецот на гостите, Николас Валентини.
Домашниот тим брзо постигна уште два погодоци, но истите беа поништени поради игра со рака и офсајд. Наполи продолжи со силен притисок, а наградата стигна во 82. минута, кога капитенот Џовани Ди Лоренцо го израмни резултатот по одличната асистенција на Лука Маријанучи.
Во завршницата Наполи тргна на сѐ или ништо во обид да стигне до целосен пресврт, но одбраната на Верона издржа.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас повторно беше стартер кај Антонио Конте и на теренот остана до 63. минута.
Аталанта оствари значајна победа на тешкото гостување кај Болоња, триумфирајќи со 0-2. Апсолутен херој на тимот од Бергамо беше Никола Крстовиќ, кој по еднаш се запиша во листата на стрелците во двете полувремиња.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













