Connect with us

Наполи и Елмас ќе се борат за трофејот во Суперкупот на Италија (ВИДЕО)

Наполи обезбеди место во финалето на Суперкупот на Италија, откако вечерва го совлада Милан со 2-0. Во борбата за трофејот, „партенопеите“ ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Болоња и Интер.

Тимот од Неапол прикажа подобра игра и сосема заслужено стигна до победата. Резултатот беше отворен во финишот на првото полувреме, кога Давид Нерес го постигна водечкиот гол и му донесе предност на Наполи пред паузата.

Во вториот дел Милан се обиде да изврши поголем притисок и да ја преземе иницијативата, но Наполи повторно беше поефикасен. Во 63. минута Расмус Хојлунд ја затресе мрежата и зголеми на 2-0, со што актуелниот шампион стекна сигурна предност.

Елиф Елмас повторно доби место во стартниот состав кај Антонио Конте, одигра одличен натпревар и беше заменет во 77. минута. Најблиску до гол беше во 21. минута, кога со удар преку одбраната речиси го совлада Мајк Мањан, но голманот на Милан успеа да интервенира на самата гол-линија и да ја исфрли топката во корнер.

Милан имаше свои моменти и упати четири удари во рамките на голот, но не успеа да го најде патот до мрежата. На крајот, Наполи заслужено славеше со 2-0 и ќе се бори за првиот трофеј во сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови